среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Познати

Се вери Линдзи Лохан: Една од „Злобните девојки“ го покажа прстенот со голем камен (ФОТО)

Се вери Линдзи Лохан: Една од „Злобните девојки“ го покажа прстенот со голем камен (ФОТО)

Американската глумица Линдзи Лохан израсна како дете-ѕвезда… Многумина ја помнат како црвенокосото девојче со пеги во филмот „Стапица за родители“, а подоцна и по улогата во филмот „Лоши девојки“ од 2004 година. Таа сега ја има и веста за нејзината свршувачка што ја сподели со своите следачи на Инстаграм.

– Мојата љубов, живот и иднина, напиша Линдзи покрај фотографиите со момчето Бадер Шамас. Тој и Лохан веќе две години се во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

Таа инаку неодамна објави дека наскоро повторно се враќа на малите екрани во, засега, ненасловен филм на Нетфликс. – Ѝ се враќам на глумата и не можам да бидам посреќна од ова!, изјави таа неодамна.

Но, многумина се сеќаваат дека преголемата слава во детската и младата возраст лошо влијаеше на Линдзи. Од „слатко девојче“, таа прерасна во проблематична зависничка од дрога и алкохол, па нејзиното име беше проследено со бројни скандали, (не)славните забави со Парис Хилтон, лошите односи со мајка си, турбулентните љубовни врски, а потоа и, за многумина – шокантната одлука да премине во ислам.

Покрај тоа, таа својата „првична“ впечатлива убавина ја измени со естетски зафати, па многумина ѝ забележуваат дека сега е речиси непрепознатлива. Како ќе изгледа нејзиниот нов почеток – допрва ќе се види.

Коронавирус