Животот на познатата српска актерка, 39 годишната Ана Сакиќ, која на публиката и стана позната после улогата на Ингрид во серијата „Село гори, а баба се чешла“, го обележа голема трагедија.
Имено, нејзиниот роден брат изврши самоубиство ред повеќе една деценија.
-Таа трагедија беше за времето поминато на академија и да не беше мојот прекрасен професор, Владимир Јевтовиќ, може и не би била тука каде што сум и не би била актерка. Тој ме поддржуваше и ми помогна да го издржам сето тоа. Секој од нас треба да го носи својот крст, изјавила актерката.
Губењето на братот тешко го поднесе, но семејството и беше голема потпора како и религија, во која пронашла голема поддршка во тешките моменти.
-Бог ни даде сила. Животот оди и животот постои да се бориш и да ги истрпиш искушенијата, изјави актерката.
Инаку, се зборуваше дека самоубиството на нејзиниот брат е поврзано со црна магија и секти и дека го прателе чудни околности, но актерката истакна дека таквите приказни не ја погодуваат.