петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Познати

Се „стопила“ и никој не ја препознава: Пејачката изгуби 40 килограми (ФОТО)

Се „стопила“ и никој не ја препознава: Пејачката изгуби 40 килограми (ФОТО)

Пејачката и телевизиска личност Кели Озборн била забележана како излегува од аптека во Лос Анџелес, покажувајќи му ја на светот својата нова фигура.

Ќерката на рокерот Ози Озборн носела црна тренерка и црна маица.

Нејзината препознатлива виолетова коса била крената во две пунџи, а исто така ги носела и своите „мачкасти“ очила.

Кели покажала дека е одговорна, па на лицето носла и соодветна црна маска.

Пред само неколку дена, таа ги воодушеви фановите со својот нов изглед споделувајќи селфи на Инстаграм.

Тогаш носела црвена кошула на „Гучи“, но нешто сосема друго го привлекло вниманието на фановите.

Кели се фали во последно време за тоа колку напорно тренира во последните месеци и дека тоа дало исклучителни резултати. Таа изгубила речиси 40 килограми и никогаш не се чувствувала поздраво.

Кели целиот живот се бори со прекумерната тежина и се чини дека нејзиниот труд овој пат се исплатил повеќекратно. Иако последниве години во повеќе наврати успеваше да се ослободи од вишокот килограми, сега се чини дека ја достигна идеалната тежина.

 

View this post on Instagram

 

Today I’m feeling #Gucci ?❤️

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne) on

Коронавирус