Јо Мин-Ки, актерот од Јужна Кореја кој призна дека силувал и напаѓал повеќе жени, изврши самоубиство на паркинг во Сеул. Не е познато на кој начин тој себе си го одзел животот.
На почетокот Мин-Ки на почетокот ги негирал обвинувањата, но во февруари ја изненади јавноста кога ја презеде одговорноста за своите постапки.
– Виновен сум, го направив она што го тврдат. Длабоко им се извинувам на жртвите и нема да ја избегнам одговорноста за моите дела – рече тој.