четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Се разведува најбогатиот човек на светот, по 25 години брак продолжуваат поинаку

Се разведува најбогатиот човек на светот, по 25 години брак продолжуваат поинаку

Џеф Безос, основач и главен извршен директор на „Амазон“ и сопругата Мекензи Безос се разведуваат по 25 години брак. Своја заедничка изјава објавија преку Твитер.

– Одлучивме да се разведеме и понатаму да делиме живот како пријатели, пишува во пораката.

Безоз има 54 години и е најбогат човек во светот – богатство од околу 173 милијарди долари.

Во брак беа од 1993 година. Амазон го покрена една година подоцна. Имаат заедно четири деца.

Мекензи Безос (48) израснала во Сан Франциско. Студирала на Универзитетот Принстон и се сретна со нејзиниот сопруг кога беше на интервју за работа во хеџ-фонд во Њујорк.