четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 124
home Познати

Се разведува или не? Елена Велевска конечно прозборе- еве што кажа македонската пејачка (ВИДЕО)

Се разведува или не? Елена Велевска конечно прозборе- еве што кажа македонската пејачка (ВИДЕО)

Пејачката Елена Велевска во последните неколку месеци постојано беше во центарот на вниманието на јавноста.

Во медиумите неодамна се појавија вести дека наводно таа има ново момче, а Елена сега пред камерите на „Бекстејџ“ отворено прозборе дали навистина се разведува и дали има нова љубовна врска.

-Ново момче сигурно нема. Не сме разведени и не знаеме што животот носи, не сакам да коментирам што ќе биде и како ќе биде. Ако кажам дека нешто ќе биде подоцна можеби и нема да се случи. Бевме во јуни месец на фамилијарен одмор, сега повторно ќе одиме на 13 август заедно со децата, вели Велевска за „Бекстејџ“.

Сепак, изгледа пејачката и нејзиниот сопруг нашле заеднички јазик, а на бракот му дале втора шанса.

За потсетување, Велевска како причина која ја наведе за разводот со Марјан беше физичко насилство. А бидејќи од насилство и развод нема ништо, а од одмор ќе има, останува да ги следиме активностите на македонската фолекрка.

Коронавирус