вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 29
home Познати

Се разведе и ѝ се навратија спомени: Ова е единствениот маж кој Емилија Розман не може да го заборави

Се разведе и ѝ се навратија спомени: Ова е единствениот маж кој Емилија Розман не може да го заборави

Манекeнката и модел Емилија Розман, деновиве актуелна по својот експресен развод на бракот кој го склучи пред само два месеци, секогаш пишува емотивни пораки посветени на својот починат татко.

– Понекогаш не ја знаеме вредноста на моментите се додека не станат спомени. Колку бевме среќни, колку совршен живот имавме тато. Зошто ни одлета, зошто не остави да тагуваме по тебе? Ко вчера да беше кога ми избега од раце, а толку силно те држев. Денес требаше да славите годишница со мама, да се караме кој изел повеќе од тортата, да ве замарам да се баците пред мене, да ви правам еден куп слики, а ти да се жалиш дека многу замарам. Ех колку без размислување би се сменила со тебе, би отишла јас да летам горе, би го дала животот, ти да беше туку денес до мама наместо мене, ама ме караат кога зборувам така, не бил таков редот, јас да сум била жива, здрава и среќна… Како кога без тебе среќата е само збор, залудно изговорен… Живеам за соништата во кои ми доаѓаш, само таму ја наоѓам утехата, да те видам, да можам да продолжам напред, иако не сакам живот без тебе. Ова не е живот, ова е животарење… Те сакам многу тато… Ми фалиш многу повеќе од првиот ден кога те изгубив. Мислев времето ќе ми помогне, ќе ме научи како да живеам без тебе, ама тоа се само лаги кои си ги кажуваме за да се чувствуваме подобро… Чувај ми ја мама, пази ми ја од горе, јас не знам како… – стои под нивната последна заедничка фотографија.

Таа многупати досега покажа колку и недостасува татко ѝ.

Коронавирус