Инфлуенсерката Алексис Шарки е задавена пред нејзиното голо тело да биде пронајдено покрај патот.
-Смртта на инфлуенсерката беше окарактеризирана како убиство, пренесува Њујорк пост.
Алексис (26) исчезна на 27-ми ноември, а нејзиното тело беше пронајдено 24 часа подоцна. Се наведува дека голото тело било внимателно поставено покрај патот во Хјустон, Тексас. Возачот на камионот го забележал телото кога видел пар нозе што се гледаат од под грмушка. Телото на Алексис е пронајдено на само неколку километри од нејзиниот стан.
View this post on Instagram
Постојат сомневања дека Алексис можеби се расправала со неидентификувано лице пред да биде пронајдена мртва.
Нејзиниот сопруг Том Шарки (49) веќе негираше дека бил во конфликт со неговата сопруга и дека се скарале пред нејзината смрт.
-Ние не се расправавме кога таа замина. Јас само и реков дека не може да вози под дејство на алкохол. Но, таа сепак си замина. И еве што ни се случи, изјави Том за ТВ КТРК.
Полицијата посочи дека смртта на Алексис е сè уште под истрага, а сè уште нема обвинети или уапсени.
View this post on Instagram