вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Познати

Се прослави на СП, а сега уште повеќе ја засака целиот свет: За овој храбар потег на Колинда зборува цела Хрватска (ФОТО)

Се прослави на СП, а сега уште повеќе ја засака целиот свет:  За овој храбар потег на Колинда зборува цела Хрватска (ФОТО)

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во рамки на работниот престој во Вировитичко-подравската жупанија, го посети Прифатилиштето за животни. При обиколката, Кика, шестмесечна женка лабрадор, и го привлече вниманието и тоа ќе стане „првото куче“ на Хрватска.

– Доаѓаш на Пантовчак (претседателската резиденција) Кика. Ќе бидеш големо освежување меѓу оние големи кучиња кои ги имаме таму, му говореше претседателката на кутрето.

Посвојувањето на Кика со насмевки го проследија три одделенија од  вировитичкото локално основно училиште кои ја дочекаа Китаровиќ во прифатилиштето.