четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Се појави во маркет и им ги плати сметките на сите купувачи, никој не позна дека таа е голема ѕвезда (ФОТО)

Се појави во маркет и им ги плати сметките на сите купувачи, никој не позна дека таа е голема ѕвезда (ФОТО)

43-годишната пејачка Сиа, која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Walmart“ и им ги плати сметките на сите купувачи. На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.

Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Twitter.

„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце што им плати на сите!! Извини што им кажав на сите кога сфатив која си!! Но, оваа добрина мора да добие признание“ – напиша таа.

Најнови вести