сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Се појави тајна од животот на Цеца стара 27 години: Јавноста за ова ништо не знаела (ФОТО)

Се појави тајна од животот на Цеца стара 27 години: Јавноста за ова ништо не знаела (ФОТО)

Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ имаше многу видео спотови во текот на нејзината кариера кои беа прикажани како филмски приказни. Видеото за еден од нејзините најголеми хитови „Кукавица“ крие неверојатна приказна која никогаш не била раскажана.

Имено, во него како главен лик се појави Горан Андрејиќ, кој наскоро го доби прекарот „Горан Кукавица“ поради учеството во видеото.

Она што досега не беше откриено е дека улогата на девојката што ја изневерува со Цеца во видеото и припаѓаше на неговата вистинска девојка Татјана, со која се ожени една година по видеото.

Според информациите на упатените, тие се запознале на снимањето на видеото, а љубовните искри веднаш блеснале меѓу нив. Цеца гостувала на нивната венчавка една година откако излегла песната, а таа вечер на младенците им ја отпеала „Кукавица“.

– На 7 мај ’94 година, љубовникот на Цеца од „Кукавица“ се ожени (со неговата „сопруга“ од „Кукавица“ – манекенката Татјана), а Цеца ја пееше на нивната венчавка „Кукавица“ – се наведува во описот на сликата од Свадбата на Горан и неговата сопруга, на која се гледа и Цеца.

Меѓутоа, по неколку години брак, љубовта избледела, а Горан и Татјана се разеле, но нивната неверојатна љубовна приказна никого не остава рамнодушен.

Коронавирус