понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Се ожени внукот на Шабан Шаулиќ – за ваква бајковита свадба сонуваат многумина парови, особено девојките полудеа по венчаницата (ФОТО)

Се ожени внукот на Шабан Шаулиќ – за ваква бајковита свадба сонуваат многумина парови, особено девојките полудеа по венчаницата (ФОТО)

Внукот на покојниот пејач Шабан Шаулиќ, фудбалерот Лука Аџиќ, ја круниса врската со Александар Личина со брак, а на свечената церемонија присуствувале само најблиските од нивните семејства.

Младите одлучиле да го кажат судбоносното „ДА“ на Палиќ, на место опкружено со лозја. Поради епидемиолошките мерки, двојката одлучила да го направи овој прекрасен чин во најинтимна атмосфера, опкружени со кумовите кои ги венчаа, како и членовите на потесното семејство, вклучувајќи ги и родителите на Лука, Санела Шаулиќ Мирковиќ и Иван Аџиќ, тетката Илда и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ, како и бабата Гоца.

Шабан Шаулиќ пееше на безброј свадби и свечености во текот на својот живот, но, за жал, не дочека да му пее на својот внук – миленик, Лука Аџиќ. Наместо него пееше тетката на Шабан, тетката на Лука, Илда.

„Во текот на целиот ден, чувствата се мешаа во нас, од една страна бевме пресреќни што го видовме Лука како започнува ново поглавје во неговиот живот, а од друга страна, многу тажни што Шабан не дочека да го види тоа.

 

Лука беше нашата прва радост и Шабан секогаш имаше посебна врска со него, така што сигурен сум дека тој ќе беше најсреќен на светот денес. Но, животот мора да продолжи, а бидејќи нашиот Лука и неговата Александра наскоро ќе станат родители, пред нас се уште денови на неизмерна среќа, радост и гордост“ – рече вдовицата на Шабан, баба на младоженецот, Гоца Шаулиќ.

Лука и Александра ќе станат родители на крајот на јуни и ќе добијат ќерка, а среќната вест ја објавија кон крајот на март.

Коронавирус