петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Познати

Се ожени принцот Филипос: Невестата носеше античка тиара, но нема “сина крв“

Се ожени принцот Филипос: Невестата носеше античка тиара, но нема “сина крв“

Принцот Филипос од Грција и Данска (35), најмладиот син на последниот грчки крал Константин II и кралицата Ана Марија, викендов ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Нина Флор (34) на раскошна свадбена церемонија во Митрополитот Катедралата во Атина.

По малата церемонија во Сент Морис во декември минатата година и настаните во Стибингтон Хаус, организирани на крајот на мај, тие решија повторно да ја прослават својата љубов.

Невестата, која е наследничка на авиокомпанија, за посебниот ден избра луксузна венчаница од свила и тафт, во која прошета до олтарот, со потпис на француската модна куќа Шанел.

Таа носеше венчаница за црковна венчавка со долг превез и античка тиара поплочена со бисери и дијаманти, која кралицата Ана Марија ја наследила неколку недели пред нејзината венчавка со кралот Константин Втори.

Роден во Лондон, принцот Филипос, чија кума е британската принцеза Дијана, е поврзан со бројни кралски семејства низ Европа, па не е чудно што многу од нив беа на оваа свадба.

Иако не е со сина крв, Нина Флор потекнува од богато семејство. Нејзиниот татко ја основал луксузната приватна авиокомпанија VistaJet во 2004 година, а нејзината мајка Катарина Конечни го започнала руското издание на магазинот Vogue и е креативен директор на брендот Fabergé.

Коронавирус