сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 29
home Познати

„Се ослободив од зло од жена“- Дарко Лазиќ само што се разведе, па веднаш упати навреди до Ана

„Се ослободив од зло од жена“- Дарко Лазиќ само што се разведе, па веднаш упати навреди до Ана

Дарко Лазиќ и Ана Севиќ официјално се разведоа, а многумина ги изненадила неговата изјава за поранешната сопруга.

За време на разговор со новинар, Дарко рекол дека не сака да се споредуваат неговата сегашна и поранешната сопруга.

„Те молам, веднаш ќе се оградам. Не сакам во ниту еден момент да ги споредувам Ана и Марина. Па тоа би било како од тебе да барам да споредиш нешто неспоредливо – изјавил Дарко, па додал:

„Се ослободив од зло од жена. Животот ме награди и сега нема да ја споменувам поранешната сопруга во никаков контекст. Тоа е минато за мене, живеам нов живот. Ова е мојот нов живот, Марина и Алексеј. Можам да зборувам само за Марина – рекол тој и додал дека со Марина целосно си одговараат, иако е помлада од него 8 години, па и дека секоја жена би посакала да изгледа како неа во бременоста.