среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Се омажи за 24 часа, а се разведе за неколку недели: Розман ја подарува својата венчаница „носена само еднаш, по грешка“

Се омажи за 24 часа, а се разведе за неколку недели: Розман ја подарува својата венчаница „носена само еднаш, по грешка“

Македонската манекенка Емилија Розман во јули се вери со своето момче Стефан Ангелкоски, со кого беше во врска само 24 часа пред тој да ја побара за жена.

„Сè се случи со молскавична брзина“, изјави тогаш Розман, а веројатно истото важи и за нивниот брак бидејќи неодамна објави интересна фотографија со која го потврди разводот од Ангелкоски.

„Подарувам венчаница, носена само еднаш, по грешка“, пишува на фотографијата која манекенката ја објави на својот Инстаграм профил откако медиумите започнаа да пишуваат за нејзиниот развод чија причина сè уште останува непозната.

За потсетување, 28-годишната Розман му кажа „да“ на Стефан по само 24-часовна врска, а парот се запознал преку заеднички пријател.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјави тогаш манекенката.

Коронавирус