понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 68
home Познати

Се омажи Аријана Гранде! Милионерката му кажа „ДА“ на две години помладиот агент за продажба на недвижнии

Се омажи Аријана Гранде! Милионерката му кажа „ДА“ на две години помладиот агент за продажба на недвижнии

Американската пејачка Аријана Гранде (27) се омажи за Далтон Гомез (25) на тајна церемонија викендов, потврди нејзината ПР-служба.

Имено, поп-sвездата се омажи за својот свршеник Далтон Гомез на „мала и интимна“ венчавка.

27-годишната американска пејачка викендов застана на лудиот камен пред помалку од 20 луѓе.

Во декември 2020 година, Гранде објави дека е свршена со агент за недвижнини во Лос Анџелес и само 5 месеци подоцна го рече судбоносно „да“.

– Се венчаа. Тоа беше мала и интимна венчавка – помалку од 20 луѓе – рече нејзиниот портпарол.

Собата беше исполнета со среќа и полна со љубов. Парот и двете семејства не можеа да бидат посреќни – додаде таа.

Откриено е дека церемонијата се одржала на нејзиниот имот во Монтезит, населба полна со познати личности во Јужна Калифорнија, каде живеат и војводата и војвотката од Сасекс.

Патем, вреди да се споменат податоците што можат да се прочитаат на странски страници, а тоа е дека Аријана е „тешка“ најмалку 180 милиони долари.

Најнови вести

Коронавирус