среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Познати

Се огласи поранешната девојка на Џастин: Ја предупредував Анистон за него, не ме послуша, па сега се разведуваат

Се огласи поранешната девојка на Џастин: Ја предупредував Анистон за него, не ме послуша, па сега се разведуваат

Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се разделуваат по две и пол години брак.

– Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година. Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.

Нивната одлука да стават крај на бракот ги изненади сите, освен една личност….

Тоа е стилистката Хајди Бивенс која со Џастин беше во врска цели 14 години. Во изјава за „Радар онлајн“ таа кажа дека ја има предупредено Анистон.

Таа и рекла на славната актерка дека Џастин има премногу слободен дух за да може да се врзе со некого. Понатаму кажала дека Анистон мора да се помири со фактот дека сопругот нема да и биде засекогаш нејзин бидејќи тој човек го мрази Холивуд и не сака да го помине таму својот живот.

Џенифер Анистон ја започна врската со Џастин додека неговара врска со Хајди беше “на стаклени нозе“.

Единственото кое тој го сакал во тој момент е да успее во кариерата, па неговата поранешна девојка смета дека врската со Анистон ја започнал од чиста корист.

Најнови вести

Локални избори 2021