вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 99
home Познати

Се огласи по трагедијата: Музичка ѕвезда со автобус прегази 91-годишен старец

Се огласи по трагедијата: Музичка ѕвезда со автобус прегази 91-годишен старец

Пионерот на електронската музика, Гери Њуман, британскиот музичар, кој е на турнеја по САД објави дека прегазил старец додека го возел автобусот со кој патува целиот бенд.

По концертот на 60-годишниот Њуман во Кливленд, Охајо, некаде околу полноќ во вторникот, автобусто со кој патувал бендот, удрил во 91-годишен старец кој ја минувал улицата, буткајќи количка.

Старецот починал на самото место .

Музичарот на својот Твитер објави колку се сите од групата потресени и колку им е жал за трагедијата.

-Целосно сме скршени. Оваа тага ќе ја имаме целиот живот , напиша музичарот на Твитер.

Коронавирус