недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 30
home Познати

Се огласи Колинда два дена по дебаклот со Шпанија: Кога ќе прочитате што им порача миленичката од СП на фудбалерите ќе занемете (ФОТО)

Се огласи Колинда два дена по дебаклот со Шпанија: Кога ќе прочитате што им порача миленичката од СП на фудбалерите ќе занемете (ФОТО)

Два дена откако Хрватска доживеа дебакл од страна на шпанската репрезентација (0:6) се огласи и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ која стана вистински хит за време на СП во Русија.

„Главата горе ватрени“ Секој од нас може да има „слаб ден“, но вашето сребро никогаш нема да избледи во нашите срца. Тоа што вие го направивте за промоција на Хрватска и колку среќа и донесовте на нацијата не може ништо да го замени. Со вас сме и во порази и во победи, бидејќи вие сте гордоста на Хрватска“, напиша Колинда на својот Фејсбук профил.

Инаку Колинда популарноста ја стекна за време на Светското првенство каде ја бодреше Хрватска во Русија, а по мечевите често славеше со фудбалерите во соблекувалната, а во финалето кулминираше атмосферата стоејќи на дождот и поздравувајќи се со сите фудбалери.

Коронавирус