сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи и девојката која е причината за раскинот на Икарди и Ванда

Се огласи и девојката која е причината за раскинот на Икарди и Ванда

Позната е и пораката поради која атрактивната жена на Мауро реши да го тргне венчалниот прстен од рака.

Мауро Икарди вечерва најверојатно нема да игра за ПСЖ во дуелот против Лајпциг, а тренерот Маурисио Покетино потврди дека Аргентинецот има приватни проблеми. Веќе неколку дена во центарот на вниманието е љубовната афера по која Мауро остана без својата жена Ванда Икарди.

Атрактивната Ванда пред неколку дена на својот инстаграм-профил објави чудна порака во која пишуваше: „Уште едно семејство кое го уништи поради една ку*ва“, а потоа ги избриша сите фотографии на коишто беше заедно со Мауро.

Веднаш започнаа шпекулции која е причината за ваквата порака и однесувањето на Ванда, која замина од Париз и се врати во Милано. Се појави името на Марија Евгенија Суарес, аргентинска глумица, пејачка и модел. Првично се пишуваше дека таа била пријателка на Ванда, но тоа не било точно.

Девојката која е причина за Ванда дури и да го тргне венчалниот прстен од раката, реши да ги демантира сите пишувања велејќи дека таа воопшто не ги познава ниту Мауро ниту Ванда.

„Немам поим од каде се појавија сите овие работи. Па јас дури не ги ни познавам двајцата. Јас само што излегов од една долгогодишна врска и немам време да се занимавам со такви работи“, изјави Марија Евгенија Суарес, која има 29 години и е мајка на три деца.

Некои од медиумите открија која била пораката што Ванда ја пронашла во телефонот на Мауро и зошто се случи целиот овој скандал. Пораката од Марија Евгенија Суарес кон Икарди била: „Би сакала да ве запознам во некој бар, во дел од светот каде што никој не ве познава“. Освен оваа порака, нема друг доказ дека Икарди имал љубовна афера со девојката.

Коронавирус