сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 25
home Познати

Се огласи Четковиќ 40 дена по смртта на своите двајца родители

Се огласи Четковиќ 40 дена по смртта на своите двајца родители

Пејачот Сергеј Четковиќ ги загуби и двајцата родители во првата половина на минатиот месец, кои починаа како резултат на коронавирусот.

– Драги мои, поминаа 40 дена од ненадејното заминување на моите родители. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да продолжи. Ви благодариме на сите за зборовите на утеха, сочувство и молитви што бевте со нас. Бесконечно благодарен, вашиот Сергеј, рече пејачот, во емотивниот пост на социјалната мрежа Фејсбук.

Да ве потсетиме, по смртта на неговиот татко, со голема тага, тој објави стара, заедничка фотографија од неговите родители, потпишувајќи ја заедно со тагуваните браќа. Драгица и Слободан починаа со разлика од една недела.

Коронавирус