четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Познати

СЕ МАЖИ АНАСТАСИЈА: На ќерката на Цеца по вчерашната прослава бракот и е ЗАГАРАНТИРАН (ФОТО)

СЕ МАЖИ АНАСТАСИЈА: На ќерката на Цеца по вчерашната прослава бракот и е ЗАГАРАНТИРАН (ФОТО)

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го фати бидермаерот на свадба, а по народното верување таа е следна која што ќе се мажи.

Анастасија со останатите девојки застана позади невестата во моментот кога таа го фрлала бидермаерот, а по нејзината реакција се чини дека не очекувала таа да биде „следната“.

Ражнатовиќ беше збунета држејќи го бидермаерот во рака, и таа енигматично се насмевна додека нејзините пријатели се шегуваа со неа и и кажуваа: „Утре е свадбата!“.

Младата пејачка потоа се сликаше за својот Инстаграм, додека мавташе со бидермаерот во раката, и на видеото додаде емотикон кој плаче од смеа.

Да потсетиме, Ражнатовиќ веќе подолго време е во хармоничен однос со Ѓорѓе Кулиќ, со кого живее на релација Нови Сад – Белград, а неодамна купија стан во српската престолнина каде ќе живеат заедно.

Анастасија претходно истакна дека сè уште не е подготвена и не планира брак и деца, но судејќи според популарните верувања, Ражнатовиќ е следната која ќе стапне на луд камен.

Коронавирус