четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 177
home Познати

Се мажеше 9 пати, а еден од сопрузите се ожени со сестра ѝ: Турбулентен живот на актерката која живееше 100 години

Живееше во Лос Анџелес, во вила која некогаш припаѓаше на Елвис Присли. Има глумено во над 30 филма, а при крајот на животот се играше и самата себе. Актерката Габор остана запамтена и по бројните бракови, а се мажеше дури девет пати.
Се мажеше 9 пати, а еден од сопрузите се ожени со сестра ѝ: Турбулентен живот на актерката која живееше 100 години

Актерката ЗаЗа Габор имаше животен пат исполнет со неверојатни случки и возбуди. Живееше 100 години, а почина во 2016 година од срцев удар.

Љубителка беше на луксуз и уживаше во него, а често кажуваше дека својот живот едноставно не може да го замисли без накит.

Зад себе остави огромно богатство, а парчиња од нејзиниот накит достигнуваат вредност од неверојатни 1,3 милиони долари.

Живееше во Лос Анџелес, во вила која некогаш припаѓаше на Елвис Присли. Има глумено во над 30 филма, а при крајот на животот се играше и самата себе. Актерката Габор остана запамтена и по бројните бракови, а се мажеше дури девет пати.

Нејзиниот прв сопруг беше турски интелектуалец, за недолго после тоа да се омажи за богаташот Конрад Хилтон. Со него ја доби ќерката Франческа, која во 2015 година ја снајде тешка трагедија. Франческа почина на 68 години, а ЗаЗа таа загуба никогаш не ја преболе.

После Хилтон, се омажи за британски колега, кој подоцна се ожени со нејзината родена сестра. Потоа стапи во брак со советникот на американскиот претседател, па потоа со креаторот на куклата Барби, па за еден гроф, но и за германски принц.

Во центарот на вниманието од американските медиуми ЗаЗа Габор се најде во 1989 година, кога на Беверли Хилс  му удри шамари на еден полицаец, поради што мораше да одлежи три дена затвор.

Нејзиниот посвоен син Оливер Принц фон Анхалт доживеа тешка сообраќајна несреќа. Оливер беше посвоен син на ЗаЗа Габор и нејзиниот деветти сопруг, Фредрих Принц фон Анхалт, а почина како последица од повредите во сообраќајката која ја доживеа на 18 декември, додека возеше со мотор во Лос Анџелес.

Тој ден е примен во болница, а истиот ден почина неговата мајка. Беше во кома седум дена, а почина на католички Божиќ, на 25 декември.

Коронавирус