среда, 2. декември 2020. Вести денес: 191
home Познати

Се чувствував како јагне пред колење: Оваа изјава на принцезата Дајана за својата венчавка скрши многу срца (ВИДЕО)

Се чувствував како јагне пред колење: Оваа изјава на принцезата Дајана за својата венчавка скрши многу срца (ВИДЕО)

Десетина дена после кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл, се уште се средуваат впечатоците за церемонијата. И сите главно се сложуваат дека венчавката не беше ниту малку слична на онаа од 1981 година кога се венчаа принцот Чарсл и лејди Дајана Сепнсер.

Познато е дека бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс не беше најсреќен, а документарецот во кој се појавија и тајни снимки од венчавката открива дека таа сакала да ја откаже венчавката ден порано.

Имено, таа неколку дена пред венчавката слушнала разговор меѓу својот вереник и Камила Паркер- Боулс, во кој тој и ветил дека ќе ја сака засекогаш.

Дајана ден пред венчавката и кажала на својата сестра дека не може да се омажи за човек што сака друга жена, но сестра и ја откажала од тоа.

-Касно е за тоа. Твоето лице е на секоја чашка во Лондон, и кажал сестра и на неа.

Принцезата Дајана во овој документарец признала дека на денот на венчавката се чувствува како јагне кое оди на колење.

-Додека влегував во црквата само јас барав Камила, а потоа ја погледнав во сив фустан, се надевав дека после венчавката со нив ќе биде готово, но не беше. Мојот на нашиот меден месец носеше нараквица со две букви Ц, која таа му ја поклонила, изјави принцезата пред разводот од Чарлс.

Најнови вести

Коронавирус