петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Познати

Саша Поповиќ раскажа досега непознати детали за себе: „Баба Ванѓа точно ми го претскажа сето ова што сум денес, па дури и кога ќе умрам… ако ве интересира, во 86-тата година!“

Саша Поповиќ раскажа досега непознати детали за себе: „Баба Ванѓа точно ми го претскажа сето ова што сум денес, па дури и кога ќе умрам… ако ве интересира, во 86-тата година!“

Поранешниот директор и сопственик на „Гранд“, Саша Поповиќ ужива во пензионерските денови откако го продаде својот дел од најголемата музичка империја.

Како што сега откри, не гледа кој би можел да го наследи, а Поповиќ се осврна и на тоа дека знаел што ќе стане во животот уште при средбата со легендарната баба Ванѓа, за која јавноста не знаеше до сега. Поповиќ раскажа детали од тогашната фамозна средба со најпознатат светска јасновитка.

„Кога бевме на прочуениот концерт во Бугарија, ни рекоа дека во 11 часот ќе сме имале состанок со Баба Ванѓа. Јас и Брена отидовме и добивме по две коцки шеќер. Ги завиткавме во салфетка и ги ставивме под перница ноќта пред посетата на јасновитката. Следниот ден со тоа отидовме кај неа, не предупредија да не и даваме пари или други материјални работи затоа што сето тоа го добила од државата и автомобил и куќа и обезбедувањето. Царинскиот службеник нè провери сите, одевме еден километар, и наидовме на шатори во кои имаше илјадници луѓе кои беа таму 15 дена пред закажаниот термин. Тито се видел со Баба Ванѓа четири пати, таа му кажувала што да прави. Ванѓа разговетно говореше српски“ – се присетува Поповиќ и продолжува:

„Брена и јас дојдовме, таа нè поздрави, јас сакав да бидам прв. Ми вели да ги симнам очилата и велам декаа не ги носам, а таа ми рече да не бидам дрзок и безобразен да се сеќавам на сè што ќе ми каже. Таа ми рече на мојот црвен автомобил што го купив е феноменален Ми рече да ги чувам хартиитре што ги набавив во Виена. Потоа ми рече дека групата каде што работам за една година нема да постои, дека ќе се распаднеме, а јас се вчудоневидив, зашто тогаш бевме на врвот на нашата кариера!? Ми рече дека ќе пеам, а Брена многу се смееше, зашто од сите нив во ‘Слатки грех’ само јас не пеев, но и ми рече дека ќе го правам многу кратко време и дека на 48 години ќе го достигнам својот врв на естрадата и ќе станам тоа што сум денес.  На крај Баба Ванѓа ми кажа и кога ќе починам… Ми рече дека ќе умрам во 86-тата година од животот “ – раскажа Саша Поповиќ!

Коронавирус