понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 127
home Познати

Сара Мејс ќе ја претставува Македонија: Меѓу најдобрите харфисти ќе ја изведе „Donka of Macedonia“

Сара Мејс ќе ја претставува Македонија: Меѓу најдобрите харфисти ќе ја изведе „Donka of Macedonia“

На 20 октомври оваа година по повод Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот.

Главната цел на овој настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста, која е потсетник за мирот и единственото на сите држави.

Целта на овогодинешните изведувачи и композитори пак, е да си ги претстават своите земји преку вметнување на својата традиција во делата кои ги изведуваат и на тој начин да го запознаат светот со својот фолклор.

Претставник од Македонија ќе биде нашата харфистка, композитор и пеачка, Сара Мејс.

-Многу сум среќна што ќе настапувам на „Светскиот ден на харфата“ и ќе ја претставувам Македонија. Инспирирана од нашата македонска песна „Се посврши Сербез Донка“, напишав дело кое што го нареков „Donka of Macedonia“. Им благодарам многу на Okxsa Projects што ме избраа мене да ја претставувам мојата Македонија и што ме поддржаа во мојата работа, напиша Сара Мејс на својот Инстаграм профил.

Коронавирус