вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 159
home Познати

Сара Мејс и Димитар Атанасовски се како пар од турска серија (фото)

Сара Мејс и Димитар Атанасовски се како пар од турска серија (фото)

Македонскиот пар, пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски се активни на социјалните мрежи и често ги информираат своите следбеници каде се, што прават, што ново подготуваат.

Тие секој момент од слободното време го поминуваат заедно и со ќерката Илина.

Изминатиот период додека траеше вонредната состојба и карантинот поради пандемијата со коронавирусот, парот уживаше во заедничкото време.

Меѓутоа, неодамна и Сара и Димитар се „фрлија“ на разубаување, па се дотераа за “мерак“.

Имено, пејачката неодамна посети еден фризерски салон, а од таму излезе како нова, со нова освежена фризура.

И Диме по шест месеци седна на столче во фризерски салон и го промени личниот опис. Имено, водителот во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали дека ја потскратил брадата и косата….

А потоа се пофали и со крајниот резултат.

Така тазе со нови фризури, средени, уредни и дотерени, Сара и Диме позираа заедно еден покрај друг.

Оваа заедничка фотографија, пејачката ја објави на својот „Инстаграм“ профил, а во описот напиша:

„Пар од турска серија“, а под објавата се нижеа позитивни коментари за нивниот изглед, а некој од следбениците ги спореди со Кемал и Дефне од турската серија „Вљубениот ерген“.

„Кемал и Дефне – лепоти сте бреј“, пишува во еден коментар.

Како и да е, Сара и Диме изгледаат одлично еден покрај друг!

Коронавирус