недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Познати

Сани го истетовира грбот со масивна тетоважа (фото)

Сани го истетовира грбот со масивна тетоважа (фото)

Периодов во тренд се минијатурните тетоважи, но фолк пејачката Сани Гроздановска не беше слеп следбеник на трендовите, па реши да се тетовира со масивна тетовжа.

Таа избра да истетовира половина од нејзиниот грб, а веруваме и дека бојата, односно тетоважата што се најде под нејзината кожа има големо значење.

Станува збор за ружи околу кои има петолиние со ноти, а меѓунив изпишани зборовите: „Љубов“, „Среќа“, „Независност“, а симболично претставени беа музиката и двата цвета кои претпоставуваме се нејзините две ќерки.

Велат дека тетоважите ако се одлучиме да ги ставиме треба да имаат важност и значење за нас, а Сани според избраното јасно ги врежа најважните нешта во нејзиниот живот.

За она што е новина на нејзиниот грб е пофали на социјалните мрежи, а од бројните следбеници и обожаватели доби потврда за стореното.

Најнови вести

Коронавирус