петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 162
home Познати

„Само еднаш имавме секс во осум години“: Се разведува славната водителка

„Само еднаш имавме секс во осум години“: Се разведува славната водителка

Новинарката признала дека си помислила дека повеќе никогаш нема да има сексуален однос. Урлика Џонсон (51) авторка и ТВ водителка, поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Брајан Монета после 11 години затоа што за период од осум години само еднаш имала сексуален однос со својот сопруг.

Новинарката признала дека помислила дека повеќе никогаш нема да има сексуален однос и дека тој “дел“ од нејзиниот живот е готов затоа што наполнила 50 години.

„Пред две години, кога се наближуваше мојот 50-ти роденден, помислив дека никогаш повеќе нема да имам секс. Живеев во брак без секс. Речиси една деценија немав сексуален однос. Тоа едноставно не беше во ред. Се чувствував неприродно и како дел од мојот живот да беше завршен“ – признала Урилка, а пренесуваат од Дејли Меил.

„Не можеше да направи да се чувствувам полошо“ – признала таа.

Водителката признала дека на почетокот на нивниот брак кој траел 11 години имало сексуална хемија, но дека никогаш нема да и биде јасно зошто тој пламен исчезнал.

Коронавирус