недела, 9. мај 2021. Вести денес: 130
home Познати

Сам си го испланирал погребот – за овие четири предмети кои ќе бидат над неговиот ковчег зборува цел свет, ќе дозволи ли кралското семејство?

Сам си го испланирал погребот – за овие четири предмети кои ќе бидат над неговиот ковчег зборува цел свет, ќе дозволи ли кралското семејство?

Погребот на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета втора ќе се одржи на 17 април во дворецот Виндзор во присуство на семејството.

Церемонијата ќе биде одржана во капелата Свети Џорџ, по минутата молк во цела Велика Британија.

БЕЗ ЦИРКУС

Како што пишуваат британските медиуми погребот сам си го осмислил принцот Филип и тој ќе биде без присуство на јавноста. Војводата од секогаш сакал на неговиот погреб да не се прави циркус, а за ова зборувала и самата кралица во минатото. „Само ставете ме во лендроверот и однесете ме во Виндзор“, велел принцот постојано.

Сите членови на кралското семејство ќе мора да носат маски, а тој ќе биде закопан во морнарска униформа.

Принцот сам учествувал во дизајнот на својот ковчег, а над него ќе се најдат четири предмети кои исто така тој одлучил да бидат таму.

Станува збор за личниот грб, морнарската капа, меч и венец цвеќе кои ќе стојат истакнати над ковчегот.

Коронавирус