Познати тело 10-ка

Салма Хаек на 58 години топлес на насловната на „Спортс илустрејтед“ (ФОТО+ВИДЕО)

Холивудската актерка Салма Хаек (58) воодушеви со својата безвременска убавина додека позирала во зелен костим за капење, дополнет со накит од Жаки Ајш, за бројот на „Спортс илустрејтед“ за 2025 година, кој излегува на 17 мај.

Салма Хаек на 58 години топлес на насловната на „Спортс илустрејтед“ (ФОТО+ВИДЕО)

Холивудската актерка Салма Хаек (58) воодушеви со својата безвременска убавина додека позирала во зелен костим за капење, дополнет со накит од Жаки Ајш, за бројот на „Спортс илустрејтед“ за 2025 година, кој излегува на 17 мај.

На својот инстаграм-профил, Хаек сподели снимки од зад сцената, откривајќи како се создадени фотографиите. Еден клип ја покажува Салма како позира топлес, со рацете покривајќи ги градите, додека на другите снимки позира во базен и на плажа во провокативни пози.

– Реков да, а потоа кога дојде време да го направам тоа, се обидов да се откажам – признала Хаек во емисијата „Тудеј“ зборувајќи за својот ангажман за „Спортс илустрејтед“.

Актерката притоа додала: „Не, бидејќи моите костими за капење никогаш не ми одговараат, како ќе го направам ова? Нема ништо во моја големина – секогаш страдам.“

Осврнувајќи се за изненадувањето што се нашла на насловната страница на престижниот магазин во подоцнежна фаза од кариерата, таа рекла за списанието:

– Се сеќавам дека бев млада, толку одамна, и секогаш се радував на бројот за „Спортс илустрејтед костими за капење“, прашувајќи се кој ќе биде на него. Никогаш не замислував дека ќе бидам една од нив затоа што не изгледав како модел. Да ми кажеше некој дека ќе бидам на насловната страница на 58 години, ќе помислев дека е луд. Но, светот се промени – и тоа е она што го прави возбудлив.

Салма Хаек е една од четирите познати личности на насловната страница на овогодишното издание на „Спортс илустрејтед костими за капење“, заедно со американската инфлуенсерка Ливи Дан (22), олимписката гимнастичарка Џордан Чајлдс (24) и манекенката Лорен Чен (35).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

To top