среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 77
home Познати

Сакаше да имам секс со неговата жена додека тој не гледа: Шокантна исповед на легендарниот фудбалер (ФОТО)

Сакаше да имам секс со неговата жена додека тој не гледа: Шокантна исповед на легендарниот фудбалер (ФОТО)

Благодарение на голот против Бразил во финалето на Светското првенство заедно со Зинедин Зидан, Емануел Пети во 1998-та година стана еден од најпопуларните Французи.

А таа популарност некогашниот играч на Барселона, Арсенал и Челзи и тоа како му помогнало кај жените што и самиот Пети го открил во едно интервју за магазинот „Pitch invader“.

-Секогаш имав проблеми со жените, дури и пред Светското првенство, но се се промени по 1998-та година, меѓутоа не се жалам, вели Пети.

Тој додава дека не се сеќава колку жени доаѓале да го видат, дури и тие што биле во брак и му давале нивни броеви од телефоните.

-Една ноќ бев пред ресторан и чекав такси, кога ми пријде еден пар, а мажот ме праша за непристојна понуда. Сакаше да имам секс со неговата жена додека тој не гледа. Само се заблагодарив и ја одбив понудата, вели тој.

Инаку Пети во моментов е во брак со Марија Сервел со која има и ќерка.

Коронавирус