вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 51
home Познати

„Сакаш ли семејството да го завиеш во црно и сите да патат“: Ана Николиќ во неверување од тоа што го дознала за оваа блиска личност

„Сакаш ли семејството да го завиеш во црно и сите да патат“: Ана Николиќ во неверување од тоа што го дознала за оваа блиска личност

Српската пејачка Ана Николиќ откако дознала дека нејзин близок пријател се бори со зависност од дрога веднаш ги преземала работите во свои раце.

Имено пејачката наводно е уплашена за неговиот живот и поради тоа инсистирала тој да се лечи.

-Ана не може да го поднесе тоа дека нејзиниот пријател се бори со наркотиците и се ќе направи да му помогне. Веднаш повика лекар и се информираше како оди процедурата за лечење. Со тој пријател таа е и дење и ноќе. Нон-стоп го советува и му говори дека заради негово добро мора итно да биде хоспитализиран, вели извор близок до пејачката за српски Телеграф.

Медиумите пишуваат дека во прилог на оваа вистина сведочат и снимките во кои Ана зборува за проблематичната ситуација.

-Те молам мораш да одиш на лекување. Јас ќе ги повикам докторите и ќе ти помогнам околу се. Сакаш ли семејството да го завиеш во црно и сите да патат? Мене ме боли срцето за планетата земја која преживува пекол, тоа сум јас, но нема да те гледам како се мачиш. Ти си момче со проблеми и мораш да се разбудиш и да почнеш со лекување, апелира Ана во својот разговор со ова момче.