недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Познати

Сакам да те помирисам, а наутро може и да не сум толку нежен кон тебе: Протекоа секси пораки кои Безос и ги испраќал на љубовницата

Сакам да те помирисам, а наутро може и да не сум толку нежен кон тебе: Протекоа секси пораки кои Безос и ги испраќал на љубовницата

Милијардерот Џеф Безос, основачот на компанијата Амазон е главна тема во медиумите овие три дена, откако објави дека се разведува од својата сопруга Мекензи. Оваа вест првично го шокираше светот, а потоа беше откриена и главната причина за разводот.

Според пишувањата на американските медиуми, Безос веќе неколку месеци е во врска со поранешната водителка Лорен Санчез, а сега се објавени и пораките кои милијардерот ѝ ги испраќал на љубовницата.

Наводно Безос на својата љубовница ѝ испраќал селфи фотографии без маица, од своите гениталии, но и бројни секси пораки пренесува Дејли Меил.

Магазинот тврди дека неговите непристојни секси пораки упатени до Санчез, која сè уште е омажена и има три деца, датираат од април.

“Те сакам, жива девојко. Ќе ти го докажам тоа со своето тело, усни и очи наскоро”.

“Сакам да те помирисам, сакам да дишам во тебе. Сакам цврсто да те држам. Сакам да ги бакнувам твоите усни. Те сакам. Заљубен сум во тебе”.

“Ми недостигаш. Сакам да те бакнам и нежно да те милувам”.

“Многу е голем, поголем од кога и да било и уште расте. А, потоа може да те разбудам наутро и да не сум толку нежен кон тебе”.

“Твојата енергија и идеи, твојата способност и дух ме возбудуваат. Ме правиш подобар човек, создадена си за мене”.

“Полн сум со љубов кон тебе. Моето срце расте така што има место само за тебе. Поголемо е од кога и да било”.

“Знаеш ли што сакам? Сакам да пијам малку со тебе вечерва. Само малку да се поднапијам. Сакам да зборувам со тебе и да планирам со тебе. Да слушам, да се смеам, да бидам со тебе. Сакам да заспијам пред тебе и да се разбудам утре и да читам вести со тебе и да пијам кафе”.

Се шпекулира дека нивната афера трае осум месеци и дека за тоа време се гледале и во своите домови, приватни авиони, на патувања и на луксузни вечери.