недела, 19. септември 2021. Вести денес: 83
home Познати

Сакала да се самоубие: Го обвини Роналдо за силување, а сега излегоа шокантни детали

Сакала да се самоубие: Го обвини Роналдо за силување, а сега излегоа шокантни детали

Жената која го обвинува Кристијано Роналдо за силување, планирала да се самоубие по наводниот инцидент во 2009 година, тврдат нејзините адвокати.

Катерина Мајорга ќе ја тужи ѕвездата на Јувентус. Нејзините обвинувања се дека тој сексуално ја искористил во нејзиниот стан во Лас Вегас пред речиси 10 години.

34-годишната жена тврди дека тогаш играчот испратил свој тим, кои ќе го попречат прогонот против него. За да избегне откривање на случајот, таа потпишала договор, а за возврат добила 268.000 долари. На почетокот на неделава, сепак Мајорга размислила и отишла во полицијата во Лас Вегас, како побарала истрагата да продолжи.

33-годишниот играч ги отфрли сите обвиненија против него.

Адвокатите на Кетрин Мајорга одржаа прес-конференција во Лас Вегас, на која споделија каква е психијатриската проценка на жената. Се проценило дека во тој период таа била ментално неспособна за да направи таква спогодба.

Мајорга изгледала „емоционално многу кревка и исплашена“, кога давала инструкции на своите адвокати.

Таа споделила уште дека по наводната сексуална злоупотреба се соочува во депресија, планирала да стави крај на својот живот, злоупотребувала алкохол, имала е тешкотии при одржувањето на лични односи со други луѓе.

Нејзините адвокати, исто така, тврдат дека посттрауматското нарушување и депресијата се резултат на силување. Нападот врз нејзе предизвикал сериозни ментални и емоционални штети.

Мајорга го напуштила Лас Вегас за да го избегне огромното внимание на медиумите кон неа. Таа не беше присутна на прес-конференцијата.

Најнови вести

Коронавирус