петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

СЀ Е ИСПЛАНИРАНО: Познато е кога и каде ќе се сретнат Хари и Вилијам откако не се виделе 1 година – едно лице е задолжено да ги чува

СЀ Е ИСПЛАНИРАНО: Познато е кога и каде ќе се сретнат Хари и Вилијам откако не се виделе 1 година – едно лице е задолжено да ги чува

Принцовите Вилијам и Хари нема да се сретнат или да се дружат сè до денот на последното збогување на нивниот дедо, принцот Филип, а сопругата на Вилијам, Кејт Мидлтон ќе се погрижи нивната средба да помине без кавга по една година, пренесуваат британските медиуми.

Британските медиуми јавуваат дека браќата разговарале по телефон откако Хари се вратил во Велика Британија и пред да го видат во замокот Виндзор во сабота наутро. Тие исто така наведуваат дека Кејт ќе ја има улогата на „миротворец“ и дека и двајцата ветиле дека ќе се обидат да ги изедначат односите и несогласувањата во чест на нивниот дедо.

– Тие знаат дека нема да бидат најважни во сабота и дека мора да го почитуваат споменот на нивниот дедо и да ја поддржуваат нивната баба. Целото внимание ќе биде насочено кон кралицата и нема исклучоци, семејството е обединето, изјави извор близок до нив за Дејли меил.

Хари и Кејт одлично се согласуваа од самиот почеток, тој еднаш дури ја опиша како негова постара сестра која никогаш ја немал, но тешко дека остана исто по интервјуто на Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри и нивното заминување од кралското семејство.

Принцот Хари слета на аеродромот Хитроу во Лондон пред неколку дена и моментално е во карантин во Колиџот Нотингем, каде ја запроси Меган во 2017 година, во близина на домот на неговиот брат Вилијам и неговото семејство. Тој мора да помине пет дена во изолација, по што, ако тестот за коронавирус покаже дека е негативен, ќе може да присуствува на погребот на неговиот дедо. Инаку, тој би морал да мине десет дена во карантин, но според упатствата на британската влада, оние што влегуваат во земјата од странство, можат да го напуштат карантинот поради смрт во семејството.

Коронавирус