Руска манекенка е осудена на три години затвор за поседување марихуана, а полицијата се посомневала кога и ја виделе блузата.
Манекенката Марија Хрестина е осудена на три години затвор во Белорусија за поседување 1,14 грама марихуана. Таа ја минувала границата кон Полска, кога полицијата ја забележала нејзината блуза на која бил нацртан лист марихуана и ја претресле.
Во чантата на 26-годишната манекенка нашле марихуана, а потоа и зеле и примероци од крв и урина, по што било утврдено дека користела дрога. Пограничниот суд во градот Брест ја осудил на три години затвор. Хрестина на социјалните мрежи има илјадници следбеници.
loading...