среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 51
home Познати

Руни не може без алкохол и жени за една ноќ: Сопругата го напушта заедно со нивните 4 деца

Руни не може без алкохол и жени за една ноќ: Сопругата го напушта заедно со нивните 4 деца

Бракот на мегапопуларниот англиски фудбалер Вејн Руни повторно е на тенок мраз.

Поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни и неговата сопруга Колин повторно имаат проблеми во бракот по новиот инцидент на познатиот фудбалер.

Според медиумите, Колин дури веќе планирала да го напушти Вашингтон, каде нејзиниот сопруг игра и без Руни да се врати во Англија и да започне нов живот само со децата.

Поради минатите инциденти и испади кои Руни ги правел, Колин му забранила на својот сопруг да излегува и да пие алкохол, но фудбалерот успеал да излезе од домот да замине во еден ноќен клуб каде ја запознал келнерката Вики Росиек.

-Не знаев кој е се додека неговите пријатели не ми кажаа. Седевме заедно и добро се забавувавме. Ми делуваше како некој стабилен, повлечен и срамежлив тип, изјавила Вики , по што дополнила дека потоа сите заедно отишле во еден бар.

По овој инцидент Колин планира да се врати во Англија.

Инаку, Колин ја започнала врската со Руини кога имала само 16 години, тие се венчале во 2008 година и имаат четири сина, Кај, Клај, Кит и Кас.

Коронавирус