среда, 2. декември 2020. Вести денес: 16
home Познати

Роналдо со девојката побегна на село, изнајмува куќа за 4.000 евра неделно

Роналдо со девојката побегна на село, изнајмува куќа за 4.000 евра неделно

Кристијано Роналдо со девојката Хеорхина Родригез замина од неговото родно место Фунчала и побегна во селска идила.

Асот на Јувентус наиде на критики од јавноста во родниот град откако неколку пати беше виден како се шета по улици со Хеорхина и децата додека владее пандемија на COVID-19.

Португалскиот фудбалер реши да го напушти луксузниот апартман и да побегне во друг луксуз – селска идила.

Хеорхина објави видео како вежбаат со Роналдо пред куќата, а португалскиот весник Correio da Manha веднаш тргна во потрага по локацијата. Беше лоциран во Каникал каде ја изнајмува луксузната куќа по цена од 4.000 евра неделно.

 

View this post on Instagram

 

Correr cuesta arriba CUESTA y mucho pero con este bombón al lado es como estar entre las nubes ??❤️? @aloyoga #stayhome

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Тој се самоизолира во Португалија со Хеорхина и нивните деца Кристијано Јуниор (9), двегодишните близнаци Ева и Матео и ќерката Алана (2).

Сепак, ѕвездата на Јуве нема да се задржи долго таму, со оглед на тоа дека во понеделник треба да се појави во Торино.

Најнови вести

Коронавирус