недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Роналдо проговори по скандалозните обвинувања за силување

Роналдо проговори по скандалозните обвинувања за силување

Кристијано Роналдо е обвинет за силување на 34-годишната Катрин Мејорџ која тврди дека во летото 2009 година Роналдо анално ја силувал во апартман во хотел во Лас Вегас и дека за тоа и платил да молчи.

Девет години по наводното силување, случајот повторно е отворен, а Роналдо тврди дека неговата совест е чита.

-Целата оваа приказна влијае на нормалниот живот, секако. Имам партнерка , четири деца, мајка која е во години, сестра, брат и семејство со кое сум многу близок, вели Роналдо.

-Ми ја нарушува репутацијата, но горд сум. Замислете некој да ве обвини за нешто такво како силување. Вистината еден ден ќе излезе на виделина. Сите кои сакаат да ме прикажат како силувач и од мојот живот прават циркуз, сите ќе видат, заклучува славниот фудбалер.

Коронавирус