четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Познати

Романтика “тешка“ два милиони долари: Мик Џегер со ваков подарок ја израдува својата девојка

Романтика “тешка“ два милиони долари: Мик Џегер со ваков подарок ја израдува својата девојка

Познатиот пејач Мик Џегер реши да ја израдува својата девојка Мелани Хамрик со тоа што и купи куќа во вредност од 2 милиони долари.

Овој имот се наоѓа помеѓу Сарасота и Брадентон, Флорида.

Областа е тивка и приватна и далеку од метежот – вели извор близок до парот.

Мелани Хамик и Мик Џегер, наводно, се одлучиле за овој имот по виртуелна турнеја и никогаш не ја посетиле физички локацијата.

Куќата во медитерански стил, изградена во 2008 година, има неколку надворешни простории за живеење и базен во слободна форма. Внатрешноста е „класично формална“, со четири спални соби.

Локални избори 2021