недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 92
home Познати

Роман Полански нема да биде обвинет за сексуално злоставување

Роман Полански нема да биде обвинет за сексуално злоставување

Обвинителството на Лос Анџелес нема да покрене обвинение против 84-годишниот режисер оскаровец Роман Полански за сексуално злоставување.

Актерот беше обвинет за сексуален напад врз жена, што се случил во 1975 година, кога таа имала 10 години. Тужбата беше поднесена во октомври минатата година, но е отфрлена поради застареност на случајот.

Адвокатот на Полански тврди дека обвинувањата се невистинити.

Актерот живее во доброволен егзил во Франција уште од 1978 година и таму го чека изрекувањето на казната за случај со сексуален напад врз друга малолетничка.