среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 181
home Познати

Ролс Ројсот во кој дојде на венчавката крие тажна приказна: Грубата шега на сметка на Меган Маркл крена прашина

Ролс Ројсот во кој дојде на венчавката крие тажна приказна: Грубата шега на сметка на Меган Маркл крена прашина

Очите на светот тој ден беа вперени во луксузниот Ролс Ројс во кој Меган Маркл се одвезе во дворецот Виндзор, но вистинската приказна за историјата на спорниот автомобил ја знаеле само поединци.

Кој грубо се пошегувал со новопечената војвотка Меган? Се прашуваат британските таблоиди кои ја донесуваат приказната за автомобилот во кој на 19мај во Виндзор се довезе невестата во придружба на својата мајка Дорија Рагланд.

Имено, како што наведуваат, Ролс Ројсот Фантом 4 е истиот оној во кој пред 46 години се возела Волис Симпсон, вдовицата на Едвард Осми, на денот на неговиот погреб.

За потсетување, Едвард Осми абдицирал од власта како би можел да се ожени со два пати разведената Американка Волис Симпсон, а на власт место него дошол неговит брат Џорџ Шести, татко на денешната кралица Елизабета Втора. Целата историја на кралското семејство во тој момент се сменила и ја одредила судбината на тогаш се уште младата Елизабета.

Спрониот автомобил тој тажен ден во 1972 година служел како превоз на несреќната Волис кога стигнала на последното испраќање на саканиот сопруг, а истиот послужил и како превоз на Меган Маркл до капелата Сен Џорџ на денот на венчавката.

Коронавирус