четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Родителите на Коби скршени по смртта на синот и внуката, еве што велат нивните соседи (ФОТО)

Родителите на Коби скршени по смртта на синот и внуката, еве што велат нивните соседи (ФОТО)

Родителите на Коби Брајант, Џо и Пем, тагуваат во својата куќа во Лас Вегас поради загубата на нивниот син и внука. Медиумите се обидуваат со денови да добијат информации за нив, а британски „Дејли Мејл“ успеа да стапи во контакт со соседите на брачниот пар Брајант.

Сосед, кој сакал да остане анонимен, открил дека родителите на Коби се скршени по веста за нивниот син.

-Зборував со нив двапати, кога им дадов храна. Тие се скршени, животот им се преврте. Ова е голема трагедија за семејството. Загубија син и внука. Само ден пред трагедијата зборував со Џо. Беше расположен, зборувавме за убавото време и потоа нивниот живот се промени за само 24 часа, вели сосед на родителите на Коби.

Не е тајна дека Коби и неговата сопруга Ванеса не биле во добри односи со Џо и Пем. Тие не биле ниту на нивната венчавка, ниту на пензионирањето на Коби од кошарката.

Најнови вести

Коронавирус