Кетрин Зета-Џонс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас се родени на ист датум.
Вчера, убавата актерка го прослави својот 49-ти роденден, додека славниот оскаровец наполни 74 години.
За да му го честита роденденот на саканиот, Кетрин сподели видео од неговата улога во филмот „The American President“ од 1995 година, како и од изведбата на Мерилин Монро на „Happy Birthday, Mr. President“од 1962 година. Во описот, таа напиша:
„Среќен роденден на мојот Претседател! Мојот сопруг Мајкл. Претпоставувам дека тоа ме прави мене Прва дама! Почудни работи се имаат случено!“
„Упс, и мене ми е роденден.“