среда, 2. декември 2020. Вести денес: 11
home Познати

Родeната сестра на Северина јавно се откажала од неа!

Родeната сестра на Северина јавно се откажала од неа!

Зденка Вучковиќ Жуниќ јавно се откажала од родената сестра, Северина Којиќ, пишуваат српските медиуми.

Сестрата на Северина никогаш нема да ѝ прости на пејачката што се омажила за Србинот Игор Којиќ. Таа не сака да оди на некој нејзин концерт и да ѝ подаде рака на помирување.

– Јас не присуствував на нејзиниот концерт во Сплит, ниту во Белград! Ниту пак ќе одам во Белград – рекла Зденка, која живее близу Задар. Нејзиниот сопруг веднаш се вклучил во разговорот.

– Тие две никогаш нема да се смират! Вие Србите не ни се јавувајте повеќе“, налутено рекол Здравко. Зденка сепак имала една порака за својата сестра: „Србите водеа војна против Хрватите! И Северина очигледно заборави дека е Хрватка, а тоа не се простува!“

Северина е во добри односи со другата сестра, Маријана Поповиќ, која живее во Белград, додека нема никаков контакт со Зденка.

– Не бевме на свадбата на Северина во Белград, како ниту на онаа во Истра – рекла Зденка.

Најнови вести

Коронавирус