сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 6
home Познати

Роберт Патинсон позитивен на коронавирус, снимањето на „Бетмен“ прекинато

Роберт Патинсон позитивен на коронавирус, снимањето на „Бетмен“ прекинато

Холивудскиот глумец Роберт Патинсон бил позитивен на тестот за коронавирус, пренесуваат „Венити фер“ и „Холивуд рипортер“, повикувајќи се на неименувани извори.

Поради тоа, и снимањето на новиот филм „Бетмен“ е прекинато, само неколку дена откако продолжи работата во студиото близу Лондон, Англија.

Продукциската куќа Ворнер Брос потврди дека снимањето на „Бетмен“ е привремено запрено и оти „еден член на тимот“ бил позитивен на Ковид-19, но не откри за кого станува збор.

Прикажувањето на филмот е закажано за 1 октомври 2021 година. (МИА)

Коронавирус