понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 109
home Познати

Ризична бременост? Позната причината поради која Александра Пријовиќ ги откажа настапите

Ризична бременост? Позната причината поради која Александра Пријовиќ ги откажа настапите

Веста дека српската пејачка Александра Пријовиќ, а од годинава Живојиновиќ, откако го изговори судбоносното „да“ со синот на Боба Живојиновиќ и посинок на Лепа Брена, Филип, се повлекува од сцената во 5. месец од бременоста, ги збуни нејзините обожаватели, кои едвај чекаа да присуствуваат на настапите што и’ беа закажани до крајот на годинава.

Неизбежно, почнаа да се шират шпекулации дека бременоста и’ е ризична.

-Не станува збор за ризична бременост! Фала му на Бога, со бременоста е се’ во ред. Станува збор за тоа што мене многу ми пречи чадот од цигари, тешко ми е да настапувам поради тоа. Неколку пати почувствував дека нема да можам да издржам до крај. Лекарот ме советуваше да ги откажам настапите, и колку и да ми е жал поради тоа, сепак, најважно е се’ да остане во ред, раскажа пејачката.

Коронавирус