четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 93
home Познати

Рита Ора понудила мито за корона-забава: Имала дрско барање, па не им платила за услугата

Рита Ора понудила мито за корона-забава: Имала дрско барање, па не им платила за услугата

Пејачката Рита Ора ја разбесни британската јавност на крајот на минатата година со своето неодговорно однесување среде пандемијата на вирусот корона.

За време на забраната за собири, таа организираше роденденска забава на која покани „30 најблиски пријатели“, а сега е откриено дека нејзиниот тим го подмитил управителот на ресторанот за „да ги исклучи безбедносните камери за да не се види колку луѓе доаѓаат на забавата”.

Полицијата соопшти дека тимот на Рита му понудил на управителот на ресторанот „Каза Круз“ во Лондон, да ги прекрши правилата за време на вториот „локдаун“ поради пандемијата со коронавирусот, за нејзиниот роденден на 28 ноември и барал да се исклучат безбедносните камери и да вети мито .

„Ми понудија 5.000 фунти за да ги прекршам правилата  и да организирам нелегална забава, но не ми ги дадоа ветените пари“, изјави менаџерот на ресторанот Скоти Батараи за полицијата, кој во меѓувреме беше отпуштен.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија