петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 64
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Познати

Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна

Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна

Пејачката и дизајнерка Ријана им се извини на своите обожаватели муслимани, затоа што во своето интернет-шоу беше употребена навредлива песна.

Се работи за нумерата „Doom“ на лондонскиот продуцент Куку Клои. Песната се наоѓа на официјалниот саундтрак на шоуто, но меѓу другото, таа вклучува и верски исламски стихови, поточно – „ремикс“ на прераскажувањето на Хадит на зборовите на пророкот Мухамед за крајот на времето и судниот ден. Тоа, многу муслимани – следачи на дизајнерката, го оценија како навредливо.

„Би сакала да им се заблагодарам на муслиманите што укажаа на огромниот превид што ненамерно се случи, и беше навредлив, во нашето шоу ‘Севиџ икс Фенти’. И, што е уште поважно, сакам да Ви се извинам за оваа чесна, а сепак невнимателна грешка. Ние разбираме дека повредивме многу од нашите браќа и сестри муслимани, и тоа многу ме погоди во срце! Благодарам за Вашата прошка и за разбирањето“, напиша Ријана на Инстаграм.

Видеото со песната беше тргнато.

Коронавирус